МЛ ги објави вечните листи, Марио ги предводи стрелците
Маалската лига во мал фудбал пред два дена ја објави вечната табела како и листата на стрелци по одигрувањето на четвртата сезона. Бутоп се зацврсти како втор на табелата откако оваа сезона за првпат имавме позитивен скор од 6 победи, 1 реми и 3 порази. Вкупниот учинок сега на 40Read More…
Честит Велигден: Христос воскресе
ФК Бутоп на сите православни верници во Македонија им го честита најголемиот христијански празник Велигден. Христос воскресе! За многу години!
Заедничка одјава од Сезона 4
Маалската лига на својот профил на фејсбук изминативе денови ги објави сите резултати, табели, статистика, наградени играчи и тимови и фотографии од Сезона 4 која заврши пред десетина дена. Веќе традиционално, по доделувањето на пехарите беше направена и заедничка фотографија со играчи од неколку екипи.
Индивидуална статистика од МЛ Сезона 4
Вкупно седумнаесет играчи настапија за Бутоп во МЛ Сезона 4. Следи преглед на бројот на настапите и постигнатите голови:
Албајрак Тенда е новиот шампион на МЛ
Во овие празнични денови се уште ги сумираме остварувањата во штотуку завршената четврта сезона на Маалската лига. Албајрак Тенда е новиот, четврти шампион на ова натпреварување. Зад нив на табелата беше Лукс кафе, а Бутоп како третопласиран го заокружи пиедесталот. За ферплеј екипа по вторпат во својата историја беше прогласенаRead More…
Димитровски го крена пехарот за третото место
Андреј Димитровски ја имаше честа да го прими пехарот наменет за третопласираната екипа во МЛС4 на свечената церемонија по завршувањето на последниот натпревар во четвртокот. Бутоп конечно успеа во четвртото издание на Маалската лига да заигра постабилно и заслужено го освои овој трофеј со скор од шест победи, едно ремиRead More…
Реми по жестока борба, Бутоп е трет во МЛ!
Борба до последната секунда донесе синоќешниот (25.4.2024) натпревар меѓу Бутоп и Албајрак Тенда (6-6) кој практично ја затвори четвртата сезона во Маалската лига. И покрај тоа што се беше решено околу конечниот пласман на табелата (Албајрак прв, Лукс кафе втор, Бутоп трет) двете екипи го одиграа можеби најквалитетниот, а наRead More…
Вечер славиме: второ или трето место?
Денес се затвара четвртата сезона на Маалската лига, натпреварување чии идеолози и организатори сме ние, а во кое дури сега во четвртиот обид успеваме да се качиме на пиедесталот за најуспешните. Бутоп во денешното последно коло и натпреварот со новиот шампион Албајрак Тенда (првото место го осигураа уште во минатотоRead More…
Победа која обезбеди пехар
Бутоп оствари уште една убедлива победа во Маалската лига откако во четвртокот (18.04.2024) беше подобар од Алиенс со 11-5. Овој триумф и теоретски ни гарантира пехар на крајот од оваа Сезона 4 која завршува за три дена, на 25 април. Прашањето е само дали ќе бидеме втори или трети. НовиотRead More…
Во борба за пехари
Во пресрет на последните две кола од четвртата сезона на МЛ Бутоп се наоѓа на третото место на табелата и е во позиција да се бори за пехарите во ова натпреварување. Во претходните три изданија постојано бевме во долниот дел и борбата за избегнување на последните места, но овојпат еRead More…